Вашингтон: Ако Ирак употреби оружје за масовно уништување САД ќе употребат нуклеарно

Соединетите држави го потсетија Ирак и другите држави дека тие се подготвени да користат и нуклеарно оружје ако е неопходно за да се одговори на напападот со оружје за масовно уништување. Предупредувањето е вклучено во документот подготвен од Белата куќа наречен Национална стратегија за борба против оружјето за масовно уништување.