Вашингтон: Банкрот на Јунајтед Ерлајнс

Американскиот авио-превозник Јунајтед Ерлаинз денска ке објави банкротство за да се стави под заштита на федералниот суд, јавуваат агенциите. Станува збор за едно од најголемите банкротства во историјата на американскиот авио-сообраќај и едно од најголемите воопшто. Членот 11 од законот за банкротство ја штити компанијата од тужби на доверителите се додека фирмата не ги реорганизира финансиите. Јунајтед Ерлаинз соопшти дека сите летови ќе продолжат нормално.