Вашингтон: Нов економски тим на Буш

Американскиот претседател Џорџ Буш се очекува денеска до го соопшти неговиот нов економски тим. Според новинските извештаи, Џон Сноу ќе го замени Пол О Нил кој во минатата недела поднесе оставка на функцијата министер за финансии. Се додава дека претседателот Буш за свој нов економски советник ќе го наименува Стефан Фридман.