Словачка: Разговори за членство во ЕУ на Вишеградската четворка

Словачка, Чешка, Унгарија и Полска денеска ги продолжуваат разговорите за членство во Европската унија. Целта на овој состанок кој се одржува во Словачка е да им даде на земјите од Вишеградската четворка шанса за хармонизирање на нивните позиции пред претстојниот самит на Европската унија во Копенхаген кога се очекува унијата да покани десет земји за членство во унијата.