Газа: Убиени десет Палестинци во напад на израелската војска

Во денешниот напад на израелската војска врз бегалскиот логор Буреј во Појасот Газа, биле убиени десетмина Палестинци, јавуваат агенциите повикувајќи се на информации добиени од палестински извори. Според нив, имало и дваесетина повредени, меѓу кои и деца. Палестинската управа оцени дека станува збор за масакр и ја повика меѓународната заедница да ги запре израелските злосторства.