Пекинг: Путин во посета на Кина

Рускиот претседател Владимир Путин од денеска до 3 декември е во официјална посета на Кина каде што ќе се сретне со претседателот Џијаг Земин. Инаку во интервју за индискиот весник Хинду, Путин изјавил дека меѓународната заедница мора да има јасна слика за тоа каде има оружје за масовно уништување, во каква состојба е и што ќе се случи со него во иднина.