Пекинг: Ќе се формира работна група за борба против СИДА

Кина денеска објави дека ќе формира работна група за борба против сидата. Формирањето на групата е по повод 1 декември светски ден за борба против сидата, но и поради најавите дека во оваа земја до крајот на декадата ќе има околу 10 милиони заболени од овој вирус.