Белград: Посета на Хавиер Солана

Високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Хавиер Солана денеска во Белград ќе разговара со властите на Белград и Подгорица за финализација на договорот за унија меѓу Србија и Црна Гора. Унијата треба да овозможи републиките да функционираат заедно во наредните три години, по што тие ќе треба сами да одлучат што натаму.