Багдад: Продолжува мисијата на инспекторскиот тим

Инспекторските тимови за оружје на Обединетите нации во Ирак денеска влегоа на две места при што немаше инциденти. Еден тим на инспектори е во индустриската фабрика северно од Багдад, а другиот во лабараторија за производство на вакцини јужно од градот. Инспекторите се во потрага на хемиско, биолошко и нуклеарно оружје за масовно уништување.