Париз: 32 часовен штрајк на контролорите за летање

Француските контролори на летање најавија за вечер почеток на 32 часовен штрајк во знак на солидарност со планираните протести на работниците во јавните служби поради приватизацијата на јавните претпријатија. Демонстрациите почнуваат утре, а камионџиите веќе подигнале 20-тина барикади штрајкувајќи поради ниските надници.