Пакистан: Зафарула Кан Јамали нов премиер

Пакистан денеска доби нов премиер, Зафарула Кан Јамали, чија партија е блиска до претседателот Первез Мушараф. Тој е прв претседател на цивилна влада по државниот удар во 1999 година. Првиот тест за него ќе биде по 60 дена кога според парламентарната процедура е предвидено да се гласа за негова доверба.