Пјонгјанг: Државното радио потврди дека земјата има нуклеарно оружје

Севернокорејското радио вчера потврди дека земјата поседува нуклеарно оружје. Во информацијата емитувана на радиото, како што пренесуваат агенциите, било наведено дека Северна Кореа располага со нуклеарно оружје за да одговори на нуклеарните закани кои доаѓаат од Соединетите Држави. Во минатата недела Америка, Јапонија, Јужна Кореа и Европската унија решија да го прекинат снабдувањето со нафта на Северна Кореа поради нејзините програми за развој на нуклерано оружје.