Тел Авив: Обид за грабнување авион

На воздушната линија Тел Авив – Истанбул синоќа бил спречен обид за грабнување на авион на израелската компанија ЕЛ АЛ. Агенциите јавуваат дека грабнувањето било спречено од припадниците на обезбедувањето во авионот совладувајќи го лицето кое било вооружено со нож. Авионот од типот Боинг 757, во кој имало сто и седумдесет патници безбедно слетал на аеродромот Ататурк во Истанбул. Турската агенција Анадолија јави дека напаѓачот бил Арап од Израел.