Италија: Мафијашкиот бос Бенедето Марчијанте се предаде на властите

Мафијашкиот бос Бенедето Марчијанте, како што јавуваат агенциите, вчера им се предал на властите откако го гледал на телевизија говорот на Папата Јован Павле Втори во италијанскиот парламент. Марчијанте кој во отсуство бил осуден на триесет години затвор се решил на ваквиот чекор по коментарите на Папата за зацврстување на христијанските вредности.