Вашингтон: Стопирана испораката на нафта за Северна Кореа

Соединетите Држави , Европската Унија, Јужна Кореа и Јапонија се согласија од идниот месец да ја стопират испораката на нафта за Северна Кореа. Ова, како што е образложено, е одговор на признанието на Пјонгјанг дека ја продолжи програмата за развој на нуклерано оружје што е нарушување на меѓународниот договор од 1994 година.