Вашингтон: Исламот е мирољубива религија

Американскиот претседател Џорџ Буш изјави оти исламот е мирољубива религија која е почитувана од американскиот народ. Зборувајки во Белата Куќа, откако некои американски христијански претставници изјавија дека муслиманите се полоши и од нацистите, Буш рече дека американската борба не е насочена против религијата туку против интернациналниот тероризам.