Авганистан: Полицијата употреби сила за време на демонстрациите

Авганистанската полиција денеска пукаше во воздух и употреби млазови со вода за да ги растури демонстарциите на стотици студенти пред зградата на владата, кои реагираат поради убивањето на еден студент од страна на полициајта при синоќешните демонстарции. Причина за демонстациите на студентите се лошите услови за престој во студентските домови во Аваганистан.