Лондон: Идната недела мобилизација на 15 илјади припадници на оклопните единици

Британија во идната недела ќе започне мобилизација на 15 илјади припадници на оклопните единици за евентуална војна врз Ирак, а со цел Садам Хусеин да сфати какви ќе бидат последиците од кршењето на новата резолуција, пишува денешен Сандеј тајмс. Воените стратези, како што пишува весникот, сметаат оти е мала веројатност дека евентуалната војна врз Ирак би започнала пред 21 февруари, бидејќи тогаш инспекцијата за оружје треба да го достави својот извешатај во Обединетите Нации.