Њујорк: Инспекторите за оружје бараат Ирак да го пријави оружјето што го поседува

Инспекторите за оружје на Обединетите нации ќе побараат од Багдад да поднесе листа на оружјето што го поседува и да биде спроведена инпекција во над 100 клучни позиции во Ирак. Ова барање ќе претставува првичен тест за Садам Хусеин за тоа колку е подготвен да соработува со новиот инпсекторски режим. Соединетите држави очекуваат Ирак, на 18-ти ноември да дозволи влез на инспекторите, кои со работа би требало да започнат една недела подоцна.