Багдад: Во следните пет дена одлука за резолуцијата на ОН

Ирак ја разгледува новата резолуција за разоружување во таа заемја што вчера едногласно беше усвоена од земјите членки во Советот за безбеднот на Обединетите нации, и најави дека во наредните пет дена ќе донесе одлука дали ке ја прифати. Ирачкиот амбасадор во ОН Мухамед Алдури вчера оцени дека резолуцијата содржи одредби кои Багдад тешко може да ги исполни и изрази песимизам дека инспекторите ќе се вратат во Ирак, а ирачкиот министер за трговија Мухамед Мехди го обвини САД дека бараат изговор за напад врз Ирак.
Ирак ќе се соочи со последици предупредија америкаснкиот претседател Џорџ Буш и британскиот премиер Тони Блер, доколку одбие да ја исполни резолуција со која на Багдад му се дава рок од седум дена да ја прифати последната шанса за разоружување, по што во наредните 30 дена Ирак треба да направи комлетна листа на оружјето што го поседува. Русија оцени дека резолуциајта претставува оптимално решение кое не предвидува автоматска употреба на сила доколку Ирак не се противи на одредбите во резолуциајата. Герамнскиот канцелар Герхард Шредер вчера првпат разговараше телефонски со американскиот претседате Џорџ Буш по заладуавњето на односите токму поради ирачката криза и го поздрави усвојувањето на резолуциајата во Советот за безбедност. Арапската лига изрази подготвеност да ја почитува одлуката на Светската организација. Шефот на инспекторите за оружје Ханс Бликс најави дека во Багдат ке отиде на 18 ти ноември доколку Ирак ја прифати новата резолуција.