Белград: Усвоени промените во изборниот закон

Српскиот парламент синока ги усвои измените на законот за избор на претседател на Републиката, според кои веке не постои условот во вториот изборен круг да излезат 50 насто од гласачите, што досега ја определуваше валидноста на изборите. Во законот е задржано решението според кое во првиот круг на гласањето мора да излезат најмалку половина од регистрираните избирачи. Претседателот на српскиот пармалент Наташа Мишиќ синоќа изјави дека изборите за претседател на Србија ке ги распише најверојатно на 8-ми декември.