Тел Авив: Амнести Интернешенел ја обвинува израелската војска

Амнести Интернешенел ја обвини израелската војска дека извршила воени злосторства во операциите пролета во Наблус и Џенин на Западниот Брег. Организацијата бара целосна и транспарентна истрага, го повика Израел на широка соработка, како и да ја преземе одговорноста за случаите во кои е кршена четвртата женевска конвенција.