Суматра: Повредени во земјотрес

Во земјотрес што денеска го погоди индонезискиот остров Суматра и околното подрачје се поведени 35 лица од кои пет се во критична состојба.Според индонезиската метеоролошка станица земјотресот бил со јачина од 5,3 степени додека Австралиските научници тврдат дека интензитетот на потресот изнесувал 7,7 степени и оти имал капацитет да прдизвика масовни штети и губење на човечки животи. Во земјотресот со јачина од 7,7 степени што ја погоди Индонезија пред две години загинаа околу 13 илјади луѓе.