Москва: Стапува во сила законот за правниот статус на странците

Во Русија денеска стапува во сила законот за правниот статус на странците. Според законот, странските државјани ќе имаат еднакви права со руските граѓани. Странците ќе можат да бидат избирани во локалната и државната власт на руската федерација, да работат во разузнавачките служби, а не ќе можат единствено да служат воен рок и да бидат примени на работа во оружените сили.