Вашингтон: Куба настојува да произведе биолошко оружје

Куба настојува да произведе биолошко оружје, изјави американскиот помошник државен секретар Ото Рајх. Тој во институтот за анализа на Херитаџ фондацијата изјави дека Куба има најмалку една ограничена програма за развој на офанзивно биолошко оружје и го обвини режимот на Фидел Кастро оти ја подрива анти-терористичката борба на Вашингтон. Кубанскиот претседател во јуни ги демантираше тврдењата на Вашингтон.