Москва: Ден на жалост

Во Русија денеска е ден на жалост за жртвите од заложничката криза во московскиот театар. Според руските докотори, најмалку сто и шеснаесет заложници умреле од гасот што руските специјални сили го употребиле за да се справат со чеченските грабнувачи. Стотици заложници, од кои четириесет и пет во критична состојба, и натаму се под медицински третман. Руските власти и натаму одбиваат да соопштат за каков гас станува збор.