Брисел: Директна помош за новите членки на ЕУ

Лидерите на Европската Унија имаат намера да им понудат на десете земји кандидати директна помош за нивните земјоделства и тоа од денот кога ќе и се прилучат на Унијата во две илјади и четврта година. Овој документ со кој треба да бидат надминати разликите на еврочленките околу финансирањето на проширувањето на Унијата се очекува денеска да биде усвоен на самитот во Брисел.