Тирана: Поздравена одуката на ЕУ за започнување преговори за стабилизација и асоцијација

Албанија ја поздрави одлуката на Европската Унија дека ке започне преговори за стабилизација и за асоцијацијативно членство со таа земја пред крајот на годината. Албанскиот премиер Фатос Нано во врска со тоа изјави дека земјата ќе работи на унапредување на демократиајта и на почитување на човековите права. Таков договор чија цел е развој на политичките и економските реформи на западниот Балкан, Унијата веке има потпишано со Македонија и со Хрватска.