Париз: Постигнат прогрес во ОН за нова резолуција за Ирак

Францускиот претседател Жак Ширак изјави дека верува оти е постигнат прогрес во преговорите во Советот за безбедност во Обединетите нации за нова резолуција за разоружување на Ирак, иако конечно решение сеуште не постиганто.Во Вашингтон пак портпаролот на Стејт Департментот Ричард Баучер најави дека САД се чекор подалеку од барањето за автоматска употреба на сила во новата резолуција на советот за безбедност.