Москва: Телфонски разговот на Путин и Ширак

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот француски колега Жак Ширак денеска разговарале телефонски за решавање на ирачкото прашање во рамките на Обединетите Нации. Шефот на инспекторите за оружје Ханс Бликс претходно изјави дека нема да испрати инспекција во Ирак додека Советот за Безбеднсот не ја усвои новата резолиција. Во текот на денот во Советот треба да биде одржана дебата за Ирачката криза.