Проблемот може да се реши за една година

Во Македонија досега се случиле 29 инциденти со мини и неексплодирани средства во кои настрадале 15 лица, а исто толку се повредени. Во билансот на жртвите се и две деца. Сепак проценките се дека проблемот на Македонија со присуството на мини и неескплодирани средства не е нерешлив.

Македонскиот проблем не е најголем во споредба со другите земји на Балканот:

„Македонија има многу мал проблем и тоа не е проблем што не може да биде решен и би требало да биде решен за следниве 12 месеци,“

изјави директорот на канцеларијата за акција против мини на Обединтетите Нации Сенди Пауел. Оваа канцеларија е присутна во Македонија со цел да ги координира активностите за создавање национално биро за деминирање што треба целосно да ја исчисти земјава од експлозивнбите направи. Токму затоа од септември минатата година со подршка на Европската Унија и меѓународната фондација за деминирање започна проектот посветен не само на деминирањето туку и на
создавање на национално биро за деминирање.
Досега се обучени 42-тина членови на цивилната заштита и министерството за внатрешни, рече координаторот на проектот Благоја Тошевски

„Моментално од нив, вклучени се 26 лица кои работат во кумановско-липковскиот регион, во поширокиот реон на селата Слупчане, Ваксинце и Опаје.“

Покрај домашните во Македонија работата уште две меѓународни организации. Станува збор за три тима на Хендикеп Интернешнел кои работата во селата Танушевци и Радуша и Кер Интернешнел чии тимови работата на Попова Шапка.

Со доаѓањето на зимата процесот на деминирањето запира во повисоките реони.

„Штом заврне снег, ќе ги спуштиме надолу во населените места.“

рече Тошевски. Примарна цел на активностите е враќањето на раселените.

„Ние настојуваме населените места да ги чекираме и луѓето да можат да се вратат во своите домови,“

рече Тошевски.