Бали: Бројот на загинаи зголемен на 190

Бројот на загинатите во бомбашкиот напад на островот Бали во Индонезија се зголеми на 190 лица, јавија агенциите. Истрагата запопчна, а засега никој не ја презема одговорноста за двете експлозии кои го уништија ноќниот клуб во Кута-познато туристичко место. Американскиот Стејт Департмент ги повика своите граѓани да ја напуштат Индонезија, додека властите на оваа држава изразија подготвеност за странска помоѓ во истрагата на овој терористички чин.