Бали: Сто осумдесет загинати во експлозија близу ноќен клуб

Најмалку сто осумдесет лица загинале, а над триста биле повредени во експлозијата што се случи во близина на еден ноќен клуб на индонезискиот остров Бали. Претседателката на Индонезија Мегавати Сукарно-пурти изјави дека многумина од жртвите се странски државјани, но засега властите не можат да соопштат од каде биле тие. Бали е прочуена туристичка дестинација во светот. Според полицијата, синоќа имало две експлозии – една на автомобил-бомба што се случила во непосредна близина на еден ноќен клуб и скоро истовремено друга со послаб интензитет во близина на американскиот козулат. Во неа немало повредени. Шефот на индонезиската полиција Даи Бахтијар изјави дека постои сомневање оти зад експлозиите стојат терористи. Шефот на австралиската дипломатија Александар Донер и американската амбасада во Џакарта експлозиите ги оценија како терористички акт и побараа брзо откривање на одговорните. Неодамна индонезиските власти изјавија дека во земјата би можело да има ограноци на Ал каеда. Индонезија до пред четири години, односно до паѓањето од власт на поранешниот диктатор Сухарто, беше потресувана од религиозни немири. За разлика од останатиот дел на Индонезија, каде што 85 проценти се муслимани, на Бали мнозинството се хиндуси.