Хаг: Продолжува судењето на Милошевиќ, утре ќе сведочи Тупурковски

Денеска во Хаг продолжува судскиот процес против бившиот југословенски претседател Слободан Милошевиќ со испитување на третиот сведок на обвинителството Ѓуро Матовина воен шеф на полицијата во западна Славонија. Утре како сведок против Милошевиќ ќе се појави лидерот на Демократската Алтернатива Васил Тупурковски во својство на поранешен член на претседателството на бившата СФРЈ.