Газа: Десет Палестинци загинаа во нападот на израелската армија

Најмалку 10 палестинци загинаа, а 115 се ранети во нападот на израелската армија подржан од тенкови и хеликоптери во Кан Јунис во појасот Газа во раните утрински часови, јавуваат агенциите. Израелски хеликоптер отворил оган врз еден кварт, а било стрелано и врз болницата Насер во овој бегалски камп каде што биле собрани роднини на ранетите лица. Еден израелски командант изјави дека повеќето од убиените се вооружени лица, но признал и дека има цивилни жртви. До нападите доаѓа пред планираниот состанок меѓу палестинскиот лидер Јасер Арафат и евро-комесарот за надворешна политика и безбедност Хавиер Солана кој се наоаѓа во регионот за го потурне мировниот план на Обединетите Нации, Соединетите Држави ,Русија и Европската Унија.