Латвија: Победа на „Нова ера“ на изборите

Прелиминарните резултати од вчерашните парламентарни избори во Латвија покажуаат дека партијата Нова Ера освоила 23,5 проценти од гласовите додека за партијата Обединета Латвија гласале 18,8 проценти. Трета е народната партија со 16,6 насто од гласовите. Се очекува дека поранешниот државен банкар Еинаер Епси која ја предводи Нова ера и ја осудува корупцијата на претходниот владин кабинет, ќе се обиде да формира нова централно -десна коалициона влада.