Блиски Исток: Арафат потпишал закон со кој Ерусалим е главен град на идната палестинска држава

Палестинскиот лидер Јасер Арафат синоќа потпишал закон со кој Ерусалим формално се прогласува за главен град на идната независна палестинска држава. Ова го соопшти портпаролот на палестинскиот законодавен совет Ахмед Кореј кој додаде дека станува збор за закон што е предложен уште пред две години но Арафат го потпишал сега како одговор на законот што го верификувал американскиот претседтел Џорџ Буш, а со кој американската влада се обврзува да издава докумненти во кои Ерусалим се наведуава како главен град на Израел.