Босна: Ешдаун повика на масовен одзив

Високиот претставник на меѓународната заедница во Сараево Педи Ешдаун упати апел за масовен одѕив на гласачите на утрешните избори во Босна. ,,Вистинска закана за Босна е ако граѓаните им ја остават политиката на опортунистите кои се грижат единствено за себе,, - изјави Ешдаун, додавајќи дека изборите претставуваат шанса да се поддржат лидерите кои можат да и стават крај на репутацијата на Босна како подрачје на корупција и организиран криминал.