Хаг: Милошевиќ денеска го испрашува Месиќ

Поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ кој е обвинет за злосторства против човештвото денеска во Хаг му поставува вкрстени прашања на хрватскиот претседател Стипе Месиќ кој вчера сведочеше против него. Месиќ пред Трибуналот го обвини Милошевиќ дека е одговорен за распаѓањето на поранешна Југославија и оти со тогашниот хрватски претседател Фрањо Туѓман се договориле да ја поделат Босна.