Варшава: Состанок на министрите за одбрана на НАТО

Денеска во Варшава започна дводневен состанок на министрите за одбрана на НАТО на кој се дискутира за модернизација на одбраната на алијансата со фокусирање врз тероризмот. Генералниот секретар Џорџ Робертсон синока изјави дека НАТО мора да продолжи да се трансформира за да може ефикасно да се справува со новите закани и предизвици.