Тбилиси: Грузија ќе бара членство во НАТО на самитот во Прага

На ноемврискиот самит на НАТО во Прага, Грузија ќе поднесе барање за зачленување во оваа организација, најави министерот за надворешни работи Ираклиј Менагаршвили. Во октомври треба да биде изработен проект за интеграција на Грузија во НАТО.