Албанија: Штети од поплави во северозападниот дел

Поплави предизвикани од силни дождови нанесоа големи штети на Северозападниот дел од Албанија од каде што се евакуирани стотина луѓе, јавија агенциите. Во регионот се упатени специјални единици на армијата за да му помогнат на населението, а поради лошото време откажани се повеќе летови од меѓународниот аеродром Ринас кај Тирана.