Скопје: Уништено возилото на шефот на обезбедувањето на Георгиевски

Во текот на изминатата ноќ во Скопје, како што ни е потврдено од извори на министерството за внатрешни работи, од две експлозивни направи било уништено возилото на шефот на обезбедувањето на премиерот Љубчо Георгиевски. Се додава дека притоа немало повредени, но оти од силната екплозија биле оштетени и други дваесет и четири возила кои се наоѓале на паркингот во населбата Ареодром. Полицијата вели дека станува збор за фрлени две рачни бомби. Истрагата е во тек.