Власта вработува заслужни партиски кадри

Во последните денови од своето владеење актуелната власт со забрзана динамика вработува огромен број партиски активисти во државните органи вели првиот синдикалец Ванчо Муратовски:

„Се работи за преку 6.000 вработувања, од месец јуни до сега.“

Навала од нови вработувања се регистрира исклуживо во буџетските инстиуции, додека ангажирањето во стопанството по се изгледа не е атрактивно за партиските активисти.

„Има и во училиштата, има и во здравството, но во најголемиот број се работи за вработувања во органите на управата и во јавните претпријатија.“

Се работи за појава која на синдикатот му е позната од пред 4 години кога на заминување беше владата на Црвенковски, а требаше да се конституира владата предводена од Георгиевски:

„Тогашната власт вработи 1.200 луѓе, оваа власт вработи 4-5 пати повеќе.“

Првите негативни последици од ваквиот ирационален потег на актуелната власт ги почуствуваа вработените во министерството за економија вели Mуратовски:

„Пракично, новите вработувања значат оптоварување на буџетот и делење на колачот со досегашните вработени. Најкарактеристичен случај е Министерството за економија, каде што платите се намалени за 30-40 отсто.“

Ние сме против нови вработувања но не во буџетските установи, каде веќе има преваработеност која само дополнително ќе ја оптоварат веќе оптоварената државна каса велат од синдикатот.

„Синдикатот во принцип е за в работување, но повеќе за продуктивно вработување во стопанството, а не во нестопанството, каде што и досега се покажуваше дека има превработеност.“

Од синдикатот најавуаат дека тие ќе застанат зад интересите на своето членство И ќе бараат , отпуШтање од работа на сите оние лица чие вработување било во функција на изборниот процес

„Се работи за луѓе кои не се членови на синдикатот и ние немаме обврска да ги заштитуваме.“

Од синдикатот велат, очекуваме и во следниот период, до конституирањето на новата влада да има нови вработувања во органите на управата.