Пакистан: Подготвуван атентат врз Мушараф

Пакистанските разузнавачки служби откриле дека се подготвувал атентат врз претседателот Первез Мушараф, јавуваат медиумите. Американскиот заменик државен секретар Ричард Армитраж вчера за ова зборувал пред Комитетот за разузнавање на американскиот Сенат. Неговата изјава доаѓа по пишувањето на Вашингтон Пост. Меѓутоа, од друга страна, пакистанскиот дневен весник – Њуз повикувајки се на портпаролот на Мушараф пред два дена ги демантираше извештаите дека бил планиран атентат врз претседателот.