Москва: Неопходни безбедносни зони на границата со Грузија

Руските власти оценија дека е неопходно во пограничните области со Грузија да се создадат безбедносни зони во длабочина од 20 до 40 километри. Таквите зони би се дефинирале во соработка со грузиските власти со цел да се спречат упадите на терористички групи од Грузија во Русија.