Виена: Средба на инспекторите за оружје и ирачки претставници за 10 дена

Инспекторите за оружје на Обединетите Нации и ирачките претсетавници се договорија за десетина дена да се состанат во Виена за да ги завршат преговорите за враќање на инспекторската мисија во Ирак. Во меѓувреме, Соединетите држави бараат од Обединетите Нации усвојување нова резолуција со која би се упатила закана до Ирак дека ќе се соочи со воена акција доколку не дозволи безусловен влез на меѓународните инспектори. Русија смета дека не е потребна нова резолуција.