Вашингтон: Буш се заблагодари на Пакистан

Американскиот претседател Џорџ Буш им се заблагодари на властите во Пакистан за екстрадиција на 5 лица за кои постои сомневање дека се членови на Ал Каеда. Меѓу нив е и Рамзи ал-Шаиб за кого се верува дека е главен организатор на терористичките напади на 11 септември.