Шведска: Победа на социјалдемократите

На вчерашните парламентарни избори во Шведска победија владејачките социјалдемократи. Според конечните резултати тие, заедно со Левата партија и Зелените добија 53 проценти од гласовите или стодевеесет и едно место во шведскиот парламент. Ова е трета едноподруго изборна победа на социјалдемократите во Шведска.