Рим: Берлускони најави поддшка на воена интервенција против Ирак

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони во отворено писмо објавено денеска ја најави поддршката на Италија за воен напад врз Ирак. Италија е лојален партнер на Соединетите Држави. Ирачкиот режим не ги исполнува обврските на Обединетите Нации и доколку сите дипломатски и политички средства се покажат неуспешни, воената опција не е исклучена – се вели во писмото на Берлускони.